| четврток, 6 декември 2018 |

Србин ќе биде косовски амбасадор во Загреб

– Амбасадорот на Косово во Загреб ќе биде Србин – изјави косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџа.

Тој планот на Владата во Приштина го објавил во весникот „Коха диторе“.

Иако Косово во Њујорк нема амбасада, туку конзулат, Хоџај истакна дека заменици на косовските амбасадори во Њујорк и Брисел се исто така Срби.

– Во нашата Влада еден вицепремиер и тројца министри доаѓаат од српското малцинство, тие се дел од сите институции, вклучувајќи ја надворешната политика, дури и во врвот – потенцира шефот на косовската дипломатија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top