
До Државната изборна комисија (ДИК) досега нема пристигнато ниту еден приговор за евентуални нерегуларности во изборниот процес.
-Гласањето според информациите на ДИК, кои што ги добиваме од цела Република Македонија, тече нормално и во рамките на она што значи добро организирани избори. До сега нема некои поголеми проблеми и потешкотии во организирањето на овие избори – изјави Влатко Сајковски, член на ДИК.
Што се однесува до информациите на невладнините организации дека имало одредени нерегуларности во избирачкиот процес Сајковски потенцираше дека до ДИК нема пристигнато ниту еден официјален приговор.
-Доколку има и ако постојат некои неправилности, тоа секако дека ние би го санкционирале, додаде тој.
Одзивот на граѓаните до 13 часот според информации на ДИК часот е 25 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот


