| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Одзивот до 13 часот е 25,79 отсто

dik

Државната изборна комисија (ДИК) изјави дека до 13 часот за претседател гласале 415.670 гласачи или 25,79 проценти од вкупниот број на гласачи.

Во Битола заклучно со 13 часот гласале 28.557 гласачи или 35,01 отсто, над 20.000 во Аеродром, во Кисела Вода 36,2 отсто од гласачите, во Струмица 13.884 гласачи или 28,80 проценти, во Охрид 16.291 граѓанин или 31,81 процент, во Велес 33,63 или 15.656, во Центар 34,98 проценти или 14.977 гласачи.

Помала излезност има во Куманово и тоа 23,31 отсто, во Тетово 9235 гласачи или11,61 процент, во Струга каде гласале 11,02 отсто, во Центар Жупа само 3 во Театре 21,04 во Дебар 7,04 посто, во Пласница 279 жители, Врапчиште 5,74, во Сарај 1451 што е 4,95 проценти, Желино 1307 или 4,78 проценти и Боговиње 1180 гласачи.

Во Липково гласале 877 граѓани или 3,76, додека во Арачиново 391 жител или 4,48 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top