| четврток, 6 декември 2018 |

„Излези да гласаш“: Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера

filesfileizlezi glasaj

Коалицијата на невладини организации “Излези да гласаш” првиот круг на изборниот процес за избор на Претседател на Република Македонина го следи на цела територија на Република Македонија со близу 5.000 волонтери, акредитирани набљудувачи на територија
на Македонија.

– Според информациите добиени од терен гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера без сериозни нарушувања. Заклучно со 10.00 ч. извршена е обработка на податоците за текот на изборниот процес и излезност на гласање и констатирана е следната состојба: во изборната еденица 1 најголем одѕив до 10 часот имало во Кисела Вода (12,24), во втората изборна единица најголем процент на гласачи кои излегле да го остварат своето право на глас е забележан во Старо Нагоричане (14,1), во изборната единица 3 во Пехчево е најголем процентот на излезност (16,33), во четврата во Новаци (18,24), во петтата Охрид (12,48) и во шестата во Брвеница (4,78) – елат од невладните организации „Излези да гласаш“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top