| четврток, 6 декември 2018 |

Почна гласањето во Тетово и Гостивар

glasanje-480x320
Почна гласањето во Тетово, на 117 избирачки места, 78.778 граѓани имаат право да го бираат петтиот претседател на државата.
Од Општинската изборна комисија (ОИК) во овој град велат дека досега гласањето тече без проблеми.
На избирачкото место 1971 веќе се забележани првите гласачи. Од избирачкиот одбор велат дека навереме започнале, без никакви проблеми.
И во ОИК во Гостивар велат дека сите 121 изборни места се навреме отворени и гласањето утрово се одвива без никакви забележани проблеми или нерегуларности. Во Гостивар право на глас имаат 77.116 граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top