Во 7 часот итринава се отворени сите 170 изборни места во Битола, информираат од Општинската изборна комисија и без проблеми се спроведува процесот на гласање од првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија.
Од ОИК-Битола велат дека гласањето почна и се одвива согласно законот и препораките на Државната изборна комисија.
– Во единствениот избирачки список запишани се 82.588 гласачи и тие може да го остварат своето демократско право на глас и избор на 170 избирачки места. Во текот на вчерашниот ден во терминот од 7 до 19 часот право на избор имаа 48 затвореници кои се на издржување на казна затвор или притвор во битолскиот затвор, како и 164 лица кои беа регистрирани како болни и на кои им овозможивме да гласаат во домашни услови, велат од ОИК-Битола.
За непречено одвивање на гласањето на сите избирачки места за сите членови на избирачките одбори беа извршени посебни обуки и едукација, информираат од Општинската изборна комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.