Бора Ѓорѓевиќ се разведе од 28 години помладата сопруга Александра. Нивниот брак кој траеше нешто повеќе од четири години, официјално е завршен во вторникот. Бора и Александра се разделиле пред неколку месеци, но фронтменот на „Рибја чорба“ не зборуваше за тоа. Сакал да ја поштеди поранешната сопруга од вести по медиумите, но сега кога се е готово, решил да проговори. Дека повеќе не е во брак тиј му откри на водителот Стевица Николиќ во емисијата „Максимално опуштено“ на телевизијата ДМ сат, која вечерва се емитува.
– Се разведов пред неколку дена и сега тоа можам и јавно да го кажам, рекол Бора, но тогаш сите ги изненадил со изјавата дека сепак не е сам.
Познатиот рокер откри дека има нова девојка која живее во Словенија.
– Навистина никогаш порано не сум се чувствувал подобро, нон-стоп сум на релација Србија-Словенија, постои жена во Словенија која ми го украде срцето! Кога не сме заедно не се симнувам од телефон. Вљубен сум, немам што да кријам, нека знае цел свет!, искрено рече Бора кој изрецитира и четири песни кои ќе се најдат на новиот албум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.