| четврток, 6 декември 2018 |

Војна во Доњецк: заземена полициска станица, полицијата возвраќа со оган

-Во согласност со вашите барања јас се повлекувам, им рекол на демонстрантите шефот на полицијата Константин Пожидајев.

zastava-republike-donjeck-foto-printscreen-yt-1397321462-478527

Проруските демонстранти денеска истакнаа свои знамиња над владините објекти во два града на истокот на Украина, продлабочувајќи го на тој начин спорот на Украина со Москва кој, меѓу другото би можел да ги попречи испораките на гас ширум европскиот континент.

Група од најмалку 20 вооружени лица денеска ја зазеде најпрвин зградата на полицијата во Славјанска, пренесе „Ројтерс“. Истата група подоцна ја зазела и зградата на Државната безбедност и Славјанска, се наведува во соопштението на регионалната полиција на Доњецк. Од претходно заземените згради на полицијата во Славјанска вооружените напаѓачи зеле најмалку 400 пиштоли и 20 парчиња автоматско оружје, додала полицијата од Доњецк.

Засега, меѓутоа, не е јасно како ќе постапи власта кон демонстрантите откако шефот на полицијата на Доњецк Константин Пожидајев си поднел оставка, наведува „Ријтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top