| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Лавров предупредува: Доведена е во опасност безбедноста на Европа

Стабилноста на Европа е доведена во опасност поради сé поголемото провоцирање антируски чувства во врска со кризата во Украина, предупреди  шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

-Моментално, поттикнувањето на антируските чувства и сé поголемите расизам и ксенофобија во многу земји од европската унија, растот на бројот на ултрананционалистичките групи и попустливоста кон неонацизмот, без разлика дали тоа е во Украина или на друго места, на евидентен начин се закана за европската безбедноста, изјави Сергеј Лавров, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија, исто така, изјавил дека украинската криза може да се надмине само доколку се запрат напорите за прогласувањето на украинската преодна влада за легитимна

Лавров повикал и на правните гаранции за неутралноста на Украина, истакнувајќи дека Москва се спротиставува на приклучувањето на својот сосед кон НАТО.

Исто така, изјавил дека Москва е подготвена на четиристраните преговори следната седмица со САД, Европската унија и претставниците на Украина, како и дека на дневен ред би можел да се најде и прашањето за долгот што Украина го има кон Москва за испорака на природниот гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top