Мајнц и Николче Новески остануваат во игра за прв настап во европските купови по денешната победа од 3-0 против Вердер. Со автоголот на Петерсен уште во првата минута Мајнц најави дека оди на сигурна победа, а новите три бода ги потврдија Мориц и Мали со по еден погодок уште во првото полувреме.
Мајнц со 47 бода е на седмата позиција во Бундеслигата и има шанса да стаса до едно скалило погоре, место што води во УЕФА Лигата на Европа.
На попладневните мечеви од 30 коло домашните екипи доминираа со 5 победи и само едно реми на Борусија Менхенгладбах против Штутгарт.
Резултати: Мајнц – Вердер 3-0, Фрајбург – Ајнтрахт Брауншвајг 2-0, Хановер – Хамбургер 2-1, Волфсбург – Нирнберг 4-1, Борусија Менхенгладбах – Штутгарт 1-1. Велер играат Баерн и Борусија Дортмунд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.