Фудбалерите на „Манчестер јунајтед“, Дани Велбек, Том Клеверли и Ешли Јанг се фатени како се тетерават по укица во алкохолизирана состојба ноќта меѓу четвртокот и петокот.
Британските медиуми пренесоа слики како ѕвездите на „Манчестер јунајтед“ се опиваат по поразот од „Баерн“ (1:3) и елиминацијата од Лигата на шампионите.
Велбек во средата беше во стартната постава на „Јунајтед“, додека Јанг и Клеверли беа на клупата. На фотографијата се гледаат тројцата играчи како пијани се тетураат по улица со шишиња во рака. Во нивно друштво била и една проститутка, која ја нападнале играчите на „црвените ѓаволи“.
Оваа вест наиде на остра реакција кај навивачите на „Јунајтед“, но од клубот досега никој не се огласи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


