Според информациите од општинските комисии од трите општини во гостиварскиот регион, денеска на изборите за претседател, правото на глас можат да го остварат 117 граѓани.
Можност да го дадат својот глас на подрачјето општина Гостивар добија 44 болни лица. Во соседната општина Врапчиште, четворица гласачи поради здравствени проблеми и болест побарале да гласаат денеска.
Во најмалата по бројност, општина Маврово-Ростуше, денеска правото на глас ќе го остварат 67 болни лица и двајца затвореници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



