| четврток, 6 декември 2018 |

Манекенката Ангела Ѓоргиева со титула „Најубави нозе“

noze-1
Ангела Ѓоргиева е манекенката која ја доби титула „Најубави нозе“ на Модниот викенд во Скопје. За својот атрибут Ангела од организаторот на изборот, брендот за депилација Veet, ќе добие фотосесија како заштитно лице. Со тоа ќе започне и едукативната кампања наменета за млади девојки и жени.

– Среќна сум што сум единствената манекенка со „Најубави нозе“ во Македонија. Благодарна сум на брендот Veet што ме избраа да бидам нивно заштитно лице, бидејќи како манекенка работам 4 години, до сега учествував на два избори во нашата земја и еден меѓународен во Кина – World Super Model. Со задоволство можам да кажам дека Veet е мојот омилен бренд за депилација – изјави Ангела Ѓоргиева, манекенка од модната агенција Подиум.

Педесетина модели беа во конкуренција за избор на Најубави нозе на Модниот викенд во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top