| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот заменик државен секретар ќе се повлече од функцијата во октомври

belata-kuka

Американскиот заменик државен секретар Вилијам Бернс ќе се повлече од функцијата во октомври.

Во својата 32-годишна кариера Бернс заземал некои од највлијателните позиции во американската дипломатија, вклучувајќи го и местото потсекретар за политички прашања од 2008 до 2011 година, амбасадор на САД во Русија, како и помошник на државниот секретар за блискоисточните прашања.

Бернс повеќе пати ја одложувал својата одлука за повлекување на барање на претседателот Барак Обама и државниот секретар Џон Кери.

– Тој беше искусен советник, способен дипломат и инспирација за генерациите државни службеници – истакна Обама за Бернс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top