| четврток, 6 декември 2018 |

Димков од ВМРО-ДПМНЕ обвини: Владимир Милошев стана државен секретар како лојална партиска фигура, а не како професионалец

Непристрасни, непартиски и професионални кадри нема да видиме на високите државни позиции, стравува Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ, кој днеска на прес-конференција обвини дека иако пред изборите Зоран Заев ветуваше дека на значајни места во министерствата ќе поставува непартиски професионални кадри, деновиве претседателот на општинската организацијана СДСМ во Штип Владимир Милошев е именуван за државен секретар во Министерството за здравство.

Тој потенцира дека поставувањето на Владимир Милошев за државен секретар во Министерството за здравство е најмалку според критериумот на стручност, туку пред се како лојална партиска фигура.

Сведоци сме деновиве дека на ист начин од СДСМ протуркани се нивни партиски војници за раководни места на повеќе државни институции. Така претседателот на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски без почитување на законската процедура е поставен за директор на на „Службен весник“, на ист начин потпретседателот на СДММ Дарко Каевски, стана директор на Агенцијата за млади и спорт, а ист е случајот и со поставувањето на партиски кадар за директор на Агенцијата за државни службеници.

Ова ја покажува во целост недоследноста на СДСМ во однос на прокламираните принципи за промовирање на непартиски стручни кадри. Очигледно е дека стручноста и резултатите од работењето уште долго време ќе чекаат на ред кај Заев и СДСМ, а раководните места во државната администрација ќе ги пополнуваат со партиски послушници, спротивно на основните принципи на едно демократско општество, рече Димков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top