Даниел Кајмакоски падна на згодната Ена Попов. Според пишувањата на српски Телеграф, пејачот за време на едно интервју како сончоглед се свртел кон преубавата Ена која поминувала во близина. Сепак, иако е слатка и за кратко му го поматила умот, Даниел во блиска иднина се надева дека нема да се заљуби.
-Знаете како, јас во суштина немам многу слободно време. Секој ден имам некои состаноци, кога сакам некоја личност, сакам потполно да и посветам внимание. Ако сега се заљубам потполно ќе го загубам разумот. Затоа секој ден го молам Бога, да не се заљубам.
Кајмакоски претходно изјави дека и покрај тоа што девојките лудуваат по него, тој предност им дава на сериозните врски, отколку на авантурите за една вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.