Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски интензивно работи на англиската верзија на песната „Лисја есенски” во студиото на продуцентот Роберт Билбилов, пишува Вест.
-Во моментов сме концентрирани и напорно работиме на новиот аранжман на песната на англиски јазик. Даниел, во Виена, на Евросонг ќе се претстави на англиски јазик. Публиката ќе одлучи како ќе звучи и дали и се допаѓа новиот аранжман на песната, вели Билбилов за Вест, додавајќи дека евровизискиот ангажман со Кајмакоски е негова најважна работна преокупација во моментов.
Билбилов за Вест вели дека не е исклучена можноста да соработува со Даниел и на други песни по Евросонг.
Роберт Билбилов е автор на песната “За миг”, која ја испеа Кајмакоски во дует со Тамара Тодевска, а беше промовирана пред Нова година.
Изборот на песна на Евровизија во Виена, Австрија, ќе се одржува од 19 до 23 мај, во Виенската градска сала, која е со капацитет од 16.000 места и беше домаќин на Европското ракометно првенство во 2010 година.
Ждрепката одлучи Даниел да настапи во првото полуфинале, на 19 мај, а второто полуфинале е на 21 мај, а финалната вечер – на 23 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.