| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп станува татко по третпат?

Се чини дека Џони Деп и неговата вереница Амбер Хард не сакаат да губат време. Имено, откако 50-годишниот актер ја побара за жена неговата 27-годишна девојка, се проширија гласините дека убавата Амбер е бремена.

Според порталот „Холивуд Госип“, „тајната за бременоста“ ја открило поранешното момче на Амбер, Марк Вистрач во интервју за списанието „Ин Тач“.

– Веќе е бремена. Се видовме пред три дена. Ние двајца бевме заедно пред неколку години, но останавме многу блиски, откри тој.

Доколку ваквите гласини се точни, тоа ќе му биде трето дете на Џони, кој веќе има син и ќерка со поранешната партнерка Ванеса Парадис, која ја остави поради фаталната Амбер по 14 години врска. На Амбер, пак, тоа би и било прво дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top