| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Во 2003 се затвораа фабрики, денес се отвораат нови работни места-тоа ја прави разликата

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Изборна единица 3 Никола Тодоров на вечерашниот митинг во Штип направи споредба помеѓу 2003-та година и денес. Истакна дека тогаш во Штип имало 10.617 невработени, а денес 5.200 од кои 2.497 се активни баратели.

– Има разлика во сите сфери. Во 2003 се затвораа фабрики и се отпуштаа работници, а денес се отвораат нови фабрики и нови работни места. Затворање наспроти отворање, тоа ја прави разликата, истакна Тодоров.

Тодоров им порача на штипјани да не веруваат во инстант политичари и да бараат гаранција.

– ВМРО-ДПМНЕ нуди гаранција, нуди програма со многу проекти. Тоа е цврста гаранција.

Потсети дека ќе биде изграден новиот автопат Скопје-Штип и додаде дека оваа година ќе започне да се гради и новата Клиничка болница во Штип.

Тодоров изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмалку 14 пратеника од ИЕ 3 и вкупно 63 пратеника во Собранието.

– Верувам дека граѓаните на изборите наместо зборови ќе изберат дела, наместо арогантна насмевка ќе изберат човечност, бидејќи има разлика, додаде Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top