| четврток, 6 декември 2018 |

Две тинејџерки планирале масакр на целото семејство

Две девојчиња од Франција на 13-годишна возраст, се обвинети за обид за убиство, бидејќи планирале да ги убијат сите членови од семејството на едната од днив, почнувајќи од шестгодишниот брат.

Обвинителот од градот Нарбон Давид Шармац вели дека до сега не слушнал ниту видел вакво нешто.

-Ова е првпат моите колиги и јас да имаме случај две толку мали девојчиња да планираат убиство – рече Обвинителот.

Девојчињата живееле во село недалеку од градот Нарбон на југот на Франција. Тие се уапсени на 28 март, откако со нож го нападнале 6-годишниот брат на едната од нив.

Момчето се уште е во болница. Тоа се здобило со повреди на вратот, но неговата здравствена состојба е добра.

Полицијата и обвинителството соопштија дека девојчињата планирале да го убијат детето и родителите на едната од нив. Двете се обвинети за обид за убиство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top