| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични за три лица од Секторот за урбанизам во Ресен

СВР Битола врачи кривични пријави за три лица од ресенскиот Сектор за урбанизам. Раководителот А.А. (49), советникот С.Н.Б. (58) и вишиот соработник и Г.К. (59) се товарат за сторени две кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување, а А.А. и С.Н.Б.  се пријавени и за фалсификување службена исправа.

Во истиот случај, кривично пријавен е и С.И. (29) од Ресен, управител на ДООЕЛ „Палмира инжинеринг“ за бесправно градење и измама и правното лице е пријавено за бесправно градење.

На 23 февруари 2012 година, С.Н.Б.  и Г.К. незаконски изготвиле пресметка на трошоци за уредување градежно земјиште во износ од 444.428 денари, иако пресметката изнесувала 3.930.438 денари и решение за изведување градежни работи,а  А.А. ги потпишал.

Исто така,  во период од јули до декември 2012 година незаконски издале уште две решенија за изведување градежни работи, а А.А.  и С.Н.Б. изготвиле службен документ во која навеле дека катастарска парцела-зона е наменета за јавни објекти иако била наменета како зона за домување, овозможувајќи им на подносителите на барањата да добијат решенија за приватизација.

Инаку, С.И. изведувајќи градба на станбена куќа довел во заблуда лице од Ресен дека ќе му отпочне постапка за добивање решение за градба по што му зел 500 евра, но истото не го направил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top