ПС Струга поднесе кривична пријава за лицето Р.М. (35) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела тешка кражба и кражба.
Имено, пријавениот со употреба на погоден предмет извршил тешки кражби од две гаражи на улицата „Даница Вујивиќ“ во Струга од каде што одзел повеќе бакарни и месингани предмети. Потоа се упатил во магацин за алати лоциран на улицата „Моша Пијаде“ во Струга, од чија помошна просторија одзел повеќе алати и други предмети.
Пријавениот Р.М. е лице познат на службата против кого и досега, по слични основи, биле поднесувани кривични пријави, за што бил и затворски осудуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


