| четврток, 6 декември 2018 |

Ја запроси среде концертот на „С.А.Р.С.“ и Тајзи (ВИДЕО)

Вчеравечер среде концертот на српската група „С.А.Р.С.“ и кумановскиот рапер Тајзи, младо момче клекна на колена пред својата сакана и ја побара за жена.

Храброто момче се качи на бината пред неколку илјадната публика во „Експо центар“ во Скопје и го постави најважното прашање токму на најголемиот хит на Тајзи, песната „Љубов“.

3

 

На неколкучасовниот концерт на „С.А.Р.С“ на кој го промовираа и новиот албум, свое 40-минутно шоу имаше и Тајзи заседно  со својот бенд, диџеј Андреј Ѓошев и Боге Конга.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top