Министрите ќе разговараат за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји, а ќе ја потпишат и Програмата за културна соработка за периодот 2013-2015 година.
Исто така, предвидено е да биде потпишан и Договорот меѓу владите на двете земји за основање и за активностите на културните центри, со кој на Република Македонија и се дава простор во срцето на Истанбул, на улицата „Таксим“, објект кој е заштитен споменик на културата, а Турскиот културен центар ќе функционира во „Куршумли ан“, кој ќе биде комплентно конзервиран и реставриран од страна на Република Турција.
Со отворањето на овие два културни центри ќе продолжи соработката меѓу двете земји, но ќе се отворат и нови можности за презентација и размена на културни содржини.
Во Договорот, исто така, е прецизирана и можноста Република Македонија да користи и други културни објекти во Турција кои се под ингеренции на Министерството за култура на оваа земја.
Министерката за култура на универзитетот „Малтепе“ во Истанбул ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на првото издание на книжевниот фестивал посветен на хероите од романите.
На фестивалот, кој е во организација на Министерството за култура и туризам на Турција, најавено е присуството на повеќе министри за култура од регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меѓународен научен собир „Културата на распродажба: Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти“
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Експлозија на гасовод во Истанбул


