Единаесетмесечниот син на Пичис Гелдоф бил пронајден покрај мртвата мајка. Сопругот на Пичис се загрижил зошто не се јавува на телефон. Безживотното тело на ќерката на Боб Гелдоф, лежело покрај бебето.
Мајката на Пичис, Пола Јетс, е пронајдена мртва во многу слични околности во 2000 година. Нејзиното безживотно тело е пронајдено во куќа во Лондон, а покрај мртвата мајка играла тогаш четиригодишната Тајгер Лили, сестра на починатата Пичис.
Извор близок на семејството изјавил за „Сан“ дека се надеваат дека тоа нема да остави трауматични последици врз малиот Федер.
– Се надеваме дека Федер е толку мал што не бил свесен што се случува. Најважно е тој да е во ред. Ужасно е што Том не бил тука, но тоа не можеше да се избегне – изјавил истиот извор.
Полицијата се уште нема утврдено која е причината за смртта на Пичис Гелдоф. Лекарите што го прегледаа нејзиното тело, не дошле до никаков заклучок, па побарана е дополнителна истрага за да се утврди причината за смртта.
Телото на Пичис е вратено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија