Претседателот на Русија, Владимир Путин, е објект на восхит поради премногу нерешителниот Запад, се кажува во статија на „Волстрит журнал“. Се забележува дека во последно време во САД и во Европа може да се слушне вакво мислење: „Јас не ги поддржува акциите на Путин на Крим и во Украина, но, сепак, тој е многу решителен човек“. Други сметаат дека приклучувањето на Крим кон Русија е разбирливо.
Таквите мислења и позиции се опасни, смета авторот на статијата. Според неговото мислење, станува збор за познат политички вирус, со кој јавноста се заразува поради украинската криза. Тој вирус се појавува, се чини, кога демократиите стануваат премногу неорганизирани или слаби за носење решенија, се кажува во статијата.
Авторот, исто така, посветува внимание и на тоа дека западните држави се премногу слаби на воен план, премногу егоистични на економски план и премногу политички дезорганизирани за да се спротивстават на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.