Во Музејот на Град Скопје вечерва, во 20 часот, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската музика“, ќе се одржи камерен концерт насловен „Made in Macedonia“ на кој ќе се изведат нови композиции од македонски автори. На програмата се дела од Благој Цанев, Михаило Трандафиловски, Дамјан Темков, Михајло Штерјев, Мајкл Бакрнчев, Гоце Симоноски, Александар Пејовски и Дејв Вилсон, а ќе настапат и истакнати македонски музички уметници: гудачкиот квартет „Аксиос“, Нинослав Димов, Владимир Костов, Марија Вршкова, Иван Иванов, Катерина Бачевска. На концертот ќе настап и двајца истакнати саксофонисти од САД, Стив Теми и Дејв Вилсон. Концертот ќе се одржи во Музеј на град Скопје со почеток во 20 часот. Влезот е слободен.
Стив Теми ќе одржи и работилница на Факултетот за музичка уметност – Скопје во 10 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прво ЦД издание на македонскиот композитор Вулнет Таири
-
СОКОМ и годинава учесник на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори
-
Наградените композитори се огласија: Сеуште не сме добиле решенија и договори , а министерот за култура цели 10 месеци одбива средба со СОКОМ
-
PRIVATE MUSIC концерт на Кокан Димушевски на Денови на македонска музика