| четврток, 6 декември 2018 |

PRIVATE MUSIC концерт на Кокан Димушевски на Денови на македонска музика

Кокан Димушевски – електронски инструменти и Љубиша Кировски – виола, в недела на 25 март ќе настапат на „Денови на македонска музика“.

На концертот премиерно ќе ги слушнеме најновите остварувања на Кокан Димушевски на полето на електроакустичната музика, меѓу кои се и композиции наградени на Конкурсот за нови музички дела на Министерството за култура на Македонија.

 –Како да се дофати недофатливото? Да се искаже неискажливото? Да се улови неуловливото? Да опише неопишливото? Празниот простор исполнет со смисла. Разделбата молчешкум. Ветувањето без цел и епилог. Како да се реши енигмата кон што стремеле мислителите од сите филозофски и естетички епохи, а да не се употреби немоќниот јазик на вербалниот израз. И да се остане, притоа, свој, сопствен, личен, уникатен. И уверлив и прифатлив и разбирлив. Мојот одговор е овој. Неопишлив, но сфатлив за сите оние што се соочиле со мистериите на универзумот и со одгласот што се крие во секој од нас. И, којшто излегува некогаш. Во некој таен час, во тишината на ноќта или пред раѓањето на зората“ – Кокан Димушевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top