| четврток, 6 декември 2018 |

„Петар Пан“ утре на сцената на МОБ

Утре напладне, во Македонската опера и балет ќе се одржи популарната претстава за деца „Петар Пан“.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ. М. Бери (1860–1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров Недојдија како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, одвреме-навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Насловниот лик ќе го толкува Бобан Ковачевски, додека во останатите улоги ќе настапат: Сенка: Игор Веланоски, Венди: Дафина Даниловска, Капетан Кука: Трајче Стојковски, Ѕвончица: Билјана Басмаџиева, Мајка: Билјана Пашариковска, Татко: Драган Кочоски, Џон: Мирослав Митрашиновиќ, Мајкл: Лиле Миленковска, Тајгер Лили: Саша Евтимова, Индијански поглавица: Агим Бафтии, Нана: Стефан Кочевски, Сми: Лора Тарчуговска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top