| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО објави сателитски фотографии од руска војска крај украинската граница

rusija_baze_654577S1

НАТО објави 15 фотографии снимени со сателити на кои се гледа дека Русија стационирала големи воени сили подготвени за дејствување низ границата со Украина.

Според процените на НАТО, во повеќе од сто бази, претежно привремени, во близина на источната граница на Украина, распоредени се меѓу 35.000 и 40.000 руски војници.

rusja vojska1

Тоа се добро подготвени сили кои брзо можат да се распоредат. Тоа загрижува поради тоа што тие сили се закана за Украина иако не ги знаеме плановите на Русија, заклучува бригадниот генерал на НАТО, Фери Дикин, директор на центарот за управување со кризи во главниот штаб на НАТО во белгискиот град Монс.

ruska vojska3

За да ги поткрепи тврдењата пред новинарите, презентира фотогорафии од воени бази снимени кон крајот на март и почетокот на април.

ruska vojska4

Некои воени експерти сметаат дека Русија така сака да ги заплаши украинските власти заканувајќи се со интервенција. Москва, пак, ги отфрла обвинувањата тврдејќи дека НАТО измислува дека постои руска закана за Украина.

rusa vojska2

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top