| четврток, 6 декември 2018 |

Валенсија со петарда го збриша Базел и минусот од 3 гола и се запиша во историјата

Валенсија направи уникатен подвиг со елиминацијата на Базел во четвртфинбалето на Европа Лигата на УЕФА, откако надомести негатива од 0-3 од првиот меч и во реваншот со победа од 5-0 мина понатаму.

На шпанскиот тим за историски резултат и требаа дополнителни 30 минути, бидејќи во регуларниот дел на „Месталја“ резултатот беше 3-0, идентично на победата на Базел од првиот дуел.

Пако Алкасер со два гола и Варгас со еден погодок најпрво ја анулираа предноста на Швајцарците во регуларното време, а потоа точка на историскиот успех ставија повторно Пако со трет гол за хет-трик и Бернат.

Валенсија е првата екипа во Европа Лигата што успеала во нокаут фазата да анулира негатива од 3 гола и да мине понатаму.

Вечерва покрај Ел-Че понатаму минаа и сите останати екипи што беа домаќини. Јувентус со триумф од 2-1 против Лион само ја потврди победата на гостински терен од 1-0. По слично сценарио и Бенфика го елиминира АЗ Алкмар, а дербито на Пиринеите и припадна на Севилја. Против Порто, Андалузијците славеа на домашен терен со убедливи 4-1 и го надоместија поразот од 0-1 од првиот натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top