Словенија денеска ги зголеми акцизите на алкохолот, на тутунските производи и на бензинот со цел да собере 50 милиони евра во 2014 година за делумно да го покрие новиот дефицит во државниот буџет.
Акцизата за алкохолните пијалоци е зголемена за 10 отсто, а на тутунските производи за пет проценти, додека на горивата е зголемена од два на 4,3 отсто. Зголемувањето на акцизите стаува во сила на 1. мај.
Зголемувањето на акцизите има за цел да генерира 90 милиони евра годишно. Тоа е една од мерките откако Уставниот суд го отфрли новиот данок на сопственост со што се создаде недостиг од 100 милиони евра во буџетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.