| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Почна изградбата на патот до манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе

mile-janakieski6

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со прилепскиот градоначaлник Марјан Ристески го посети манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош во Прилеп.

Јанакиески се интересираше за текот на изградбата на источниот конак на манастирот и нагласи дека минатата недела почна да се гради патот до манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе.

– Градежните работи на патот почнаа минатата недела и според договорот треда да се изгради за една година – изјави Јанакиески, додавајќи оти патот е во должина од 7,5 километри, а тоа е инвестиција од 1, 7 милиони евра.

Тој информира дека последните 350 метри од патот до манастирот ќе бидат во коцка, ќе се ограничи пристапот на возилата и ќе биде пешачка зона за да не се наруши автентичноста на манастирксиот комплекс.

Јанакиески потсети дека лани во рекордно време беше изграден и патот до манатсирот „Успение на Пресвета Богородица“ Трескавец.

– Со овие патишта до познатите и големи манастирски комплекси се развива туризмот – вели Јанакиекси.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески во тек е изградбата на Источниот конак на манастирот „Архангел Михаил“ во Варош. Во тек е втората фаза, издигнато е приземјето и катот, а ќе се работи и следната година.

– Ова е многу битно за развојот на манастирскиот туризам, за зачувувањето на монаштвото. Уште повеќе со изградбата на патот до Трескавец, а сега и со патот до Зрзе кој се гради. Само за пример: по изградбата на патот до Трескавец, за само 6-7 месеци манастирот го посетиле околу 50.000 туристи, а со изградбата на патот до Зрзе, бројот на посетителите во овие три комплекси, во црвите во Варош и манастирот „Свети Никола“ во село манастир, Мариово, се очекуваат годишно од 100 до 120.000 посетители – рече Ристески

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top