| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико без Куртоа доколку се падне со Челси

Атлетко Мадрид би можел да се најде во сериозни проблеми доколку за противник во полуфиналето од Лигата на шампиони на утрешниот жреб му се падне Челси бидејќи тренерот Диего Симеоне нема да може да смета на првиот голман Тибо Куртоа.

„Јорганџиите“ имаат договор со Челси дека младиот Белгиец, кој се наоѓа на позајмица во тимот од Мадрид, може да игра во меѓусебните дуели само доколку на сметката на Челси бидат уплатени неверојатни шест милиони евра.

– Тоа се пари што ги немаме и сигурно нема да платиме – изјави претседателот на Атлетико, Енрике Серезо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top