| четврток, 6 декември 2018 |

Бучни јорганџии, не ја збунија Барса, ама му дадоа крилја на Атлетико (видео)

Една од причините за големиот успех на фудбалерите на Атлетико и елиминацијата на Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите е и прекрасната атмосфера синоќа на „Висенте Калдерон“, храмот на клубот од Мадрид. Околу 55 илјади гледачи френетично го бодреа домашниот тим и направија спектакуларна атмосфера.

Или како што вели тренерот на Атлетико Диего Симеоне, публиката не ја збуни Барса, но им даде крилја на неговите играчи да стасаат до спектакуларна победа и неочекуван пласман во полуфиналетп од ЛШ.

„ Барселона е навикната да игра во ваква бучна, феноменлна атмосфера и тоа не влијаеше на гостинските фудбалери, но имаше позитивен ефект кај моите играчи. Навивачите ни дадоа крилја и беа нашиот дванаесетти играч“, изјави Симеоне. И тој беше мудар постави вистинска тактика за триумф, што му донесе европско полуфинале на Атлетико Мадрид во најценетото европско клупско натпреварување по пауза од 40 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top