| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Кој му понудил на Стевчо Јакимовски да влезе во Владата?

vmro

ВМРО-ДПМНЕ со вчудоневиденост ја следи кампањата на Стевчо Јакимовски, кој не само што цело време ги осудува градбите на патишта и на автопатишта во Македонија, туку говори и за некакви негови услови, кои ако не се исполнеле немало да влезе во владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите тие услови се во ред и се легитимни, само не можеме да разбереме во чија влада добил покана да влезе? Дали е тоа во владата во сенка на СДСМ, која цела една година чекавме да се објави или, можеби, во владата што ја најавува господинот Љупчо Зиков или, можеби, Љубчо Георгиевски му ветил место во неговата замислена влада.

Со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не ја планира партијата ГРОМ за во владата, пред сè поради фактот што во време кога Стевчо Јакимовски беше министер за труд и социјала и министер за економија во владата на СДСМ, невработеноста за четири години порасна за цели седум процентни поени(од 31 проценти на 38 проценти), а синдикалните работници ги доживуваше како мечки.

– Не можеме да разбереме кој му понудил влез во влада. Би било добро да им го објасни тоа на гласачите и на членовите на ГРОМ за да знаат како нивниот лидер планира влез во влада по изборите – велат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top