
На 27 март, на Денот на театарот, Драмскиот театар го посетиле рекордни, 1.044 гледачи, соопшти директорот на Театарот, Роберт Велјановски.
Тој ден вратите на театарот беа отворени за сите, а управата реши влезот да биде бесплатен. Се играа три претстави и се славеше Светскиот ден на театарот. Потегот со бесплатните влезници беше вистински погодок.
– Апсолутно е неточно дека скопјани не одат в театар. Тоа го покажа овој ден. Се бараше билет повеќе – изјави Велјановски.
Тој признава дека од управата решиле да ги намалат цените на билетите на 100 денари, посетеноста на Драмски двојно се зголемила.
– Во март 2013 година биле изведени девет претстави кои ги виделе 1.872 гледачи. Во март 2014 биле одиграни 23 претстави кои ги виделе 6.189 гледачи. Само на 27 март, на Светскиот ден на театарот, трите претстави во Драмски ги виделе 1.044 гледачи. Станува збор за брилијантна бројка што покажува дека Драмски театар успеал да ја врати својата верна публика. Со новата претстава „Евангелие на глупоста“ очекуваме бројките да станат уште поголеми. И ние сме изненадени од резултатите. Треба длабоко да размислиме за овие бројки – рече Велјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


