Славниот холивудски глумец, двоен оскаровец и православец Том Хенкс во емисијата на каналот Е неочекувано застанал на страната на Србија и изјавил дека Косово отсекогаш било српско и дека еден ден повторно ќе биде, пренесува српски Блиц.
Зборувајќи за снимањето на новиот спектакл во кој ќе биде прикажана историјата на државата Израел, во продукција на Стивен Спилберг, а во кој Хенкс ќе ја игра главната улога, тој ги споредил голготата и Евреите со измачувањата на косовските Срби.
„За време на Втората светска војна и холокаустот Евреите многу пропатиле, а да не спомнувам што им се случувало стотици години претходно. И покрај сѐ тие не ја изгубиле верата и се вратиле во својата земја. Тие зад себе имаат цел еден милениум во кој се поздравувале со „Ќе се видиме следната година во Ерусалим“. Слична е ситуацијата и денес со Косово. Косово го населувале Срби, изградиле манастири, имале свои кралеви, по што биле протерани од Албанците. На крајот на 20 век НАТО ги бомбардираше Србите, но тие и понатаму не сакаат да признаат дека Косово е независна држава, туку гордо викаат: „Косово е Србија“, исто како и Евреите, кои на крајот сепак се вратиле во својата земја, па можеби ќе биде ист случајот и со Србите“, кажал Хенкс.
Том Хенкс е познат во Холивуд по својот интерес кон историјата – работел на неколку документарни филма и серии за Втората светска војна со Спилберг. Тој се смета за еден од најдобро образованите холивудски глумци, пренесува порталот Ортодокс чрч (The Ortodox Church).
Тој ја примил православната вера по венчавката со глумицата Рита Вилсон, која ѝ припаѓа на грчката православна црква.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации