-Нашата национална должност е да се одбранат нашите нуклеарни и витални центри од заканите на непријателите, рече претседателот на иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност и надворешна политика Алајдин Боружерд за иранската студентска новинска агенција ИСНА.
Светските сили во петокот соопштија дека имаат план со кој би му понудиле на Иран олеснување на строгите санкции, ако Техеран се согласи да ја затвори спорната нуклеарна централа. Ако планот не се реализира, Британија, Кина, Германија, Франција, Русија и САД ќе воведат таканаречени „златни санкции“ против Иран. Изградбата на оваа централа беше почната во строга тајност во 2006 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.