| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка група за Македонија на кадетското ЕП во Полска

zdrepka

Денеска беа извлечени групите за кадетското ЕП што ќе се игра во Полска во август.
Нашата селекција која избори пласман преку квалификациите беше рангирана во најслабиот барабан и очкеувано доби тешки противници во групата Б.
Шпанија, Данска и Русија се противниците на нашите надежи. Шпанија и Данска се неколкукратни освојувачи на ЕП во оваа категорија, додека Русија еднаш се радувала на трофејот.
Сепак селекторот Александар Јовиќ е задоволен од жрепката потенцирајќи дека во нашата група не се освојувачот на претходното првенство Германија и домаќинот Полска која има одлична репрезентација и ќе има помош и од трибините бидејќи е домаќин.

– Имаме тешка група, но јас верувам во своите играчи. Ние имаме квалитет за да покажеме дека може да се носиме со најсилните репрезентации. По неколку годишна апститенција се враќаме на големите натпреварувања и треба да ја искористиме нашата шанса. Се надевам дека до август нема да имаме проблеми со повредени играчи и во составот ќе се врати Марко Нелоски со кого ќе бидеме многу посилни. Очекувам РФМ да донесе правилна одлука околу кадетските репрезентативци бидејќи во краток период и јунироската репрезентација настапува на ЕП во Австрија. Многу од кадетите настапуваат и во јуниорскиот состав – изјави Јовиќ.

Група А: Србија, Шведска, Швајцарија, Исланд
Група Б: Шпанија, Русија, Данска, Македонија
Група Ц: Франција, Хрватска, Романија, Унгарија
Група Д: Германија, Белорусија, Полска, Чешка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top