| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца планинари изгубени на Галичица

Денеска двајца планинари се изгубија  Галичица. Од  тимот за спасување во планина на Црвениот крст Охрид за Охриднет велат  неофицијално станува збор за туристи  веројатно љубители на планинската авантура.

– Според неофицијалните информации засега едниот е маж од Словенија а жената од Полска, вели Сашо Точков претседател на Црвен крст Охрид.

Вечерва тие лично јавиле во полиција дека се изгубени во планината. Екипа од Црвен крст и Центарот за управување со кризи веќе се на терен и преземаат мерки за нивно пронаоѓање. Потрагата е отежната бидејки веќе не се достапни  на телефон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top