| четврток, 6 декември 2018 |

Пех од 100 илјади долари, го погодил финалето Конектикат – Кентаки и заборавил да го запише исходот

Симпатизер на Универзитетот Конектикат заборавил да го запише исходот од финалето во НЦАА лигата и тоа го чини награда од 100 илјади долари, иако погодил се во шемата на натпревари од таканареченото мартовско лудило.

Во САД мошне популарно е типувањето на исходите од завршницата во колеџ кошарката, а од фазата во која остануваат најдобрите 64 состави на „Yahoo.com“ треба да погодите се, вклучително и кој ќе биде шампион. Тоа се граничи со чудо, а таков подвиг направи извесен Кори Џонсон, но поради мал пропуст нема да ги добир парите.

Кори заборавил да го запише исходот на финалниот меч, иако според тоа чиј симпатизер е и тоа голем, погодил дека Конектикат ќе ја освои титулата. Сега му останува да се радува на вредниот трофеј на неговиот омилен тим и да жали за киксот во типувањето што го чини 100 илјади долари.

Конектикат во завршниот меч за трофејот во НЦАА го победи Кентаки со 70-64.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top