СВР Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицето Д.П. (23) од Куманово заради постоење одновано сомневање дека сторил две кривични дела и тоа тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода.
Пријавениот на трети овој месец околу 21:30 часот, управувајќи нерегистрирано моторно возило „југо 45“, без возачка дозвола, во населба Илинден удрил во 61-годишен пешак, кој ја преминувал неосветлената улица на место каде нема обележан пешачки премин. По ударот, Д.П. не застанал да му укаже помош на повредениот пешак, кој поради пет тешки телесни повреди починал на местото на настанот. Пријавениот со возилото продолжил да се движи кон с. Пчиња-Куманово, каде го паркирал возилото во неговиот двор и наредниот ден ги сменил деловите од возилото, кои биле оштетени од сообраќајната несреќа.
По дознавањето за кривичноправниот настан извршен е увид, при што се најдени цели и скршени делови од непознато возило и подигнат е видео запис, кои се предадени за вештачење. По добиените резултати од вештачењето, превземени се низа оперативни мерки при што е дојдено основано сомневање дека Д.П. е можен сторител.
Во изјава пред полициски службеници Д.П. кажал дека невидел во што удрил и бидејќи се уплашил, не застанал и продолжил да вози кон неговиот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.