| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп: Горд сум на моите момци

Иако неговиот тим не успеа да дојде до полуфиналето на Лигата на шампиони, тренерот на Дортмунд Јирген Клоп изјави дека е горд на неговиот тим.

– Момците сакаа да поминат понатаму. Можеби тоа не го покажавме во Мадрид, но вечерва тоа го направивме сто проценти. Ова е пример како треба да играте кога првиот натпревар ќе го загубите со 3-0. Кога се поздравив со Суботиќ по натпреварот, тој ми кажа дека е горд на екипата. Така се чуствувам и јас – изјави Клоп.

Тренерот на Реал Карло Анчелоти изјави дека не сакал да го внесе во игра Кристијано Роналдо, иако бил спремен да игра.

– Ова беше тешка вечер, но на крајот поминавме. Роналдо ќе биде потполно спремен за во полуфиналето, иако можеше уште денеска да игра – изјави Анчелоти.

– Доколку игравме како во првото полувреме, сигурно немаше да поминеме понатаму – рече Серхио Рамос.

Жребот за паровите во полуфиналето во Лигата на шампиони ќе се одржи на 11. април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top