Од следната година субвенциите за земјоделците растат на 150 милиони евра и ќе останат секоја година по 150 милиони, истакна премиерот Груевски во емијата „Јади бурек“.
Тој додаде дека инвестициите во земјоделствот веќе се враќаат и дека само минатата година имало извоз на земјоделски производи од пола милјарда евра.
-Овие инвестиции како прво се исплаќаат преку отворањето на нови работни места бидејќи за да се произведе тоа се потребни луѓе за да работат, луѓе кои пред 6 години седеле дома. Сега тие луѓе работат и продават во Македонија и изнезуваат иизвозот стигна до половина милјарда евра во 2103 година, Второ делумно супституција на увоз, трето приходи во буџетот од извоз, значи тоа апсолутно е исплатливо, посочи Груевски.
Во земјоделието, нагласи Груевски, има голем број на други проекти, како што се проектите со кои 50:50 ќе се поддржува купување на механизација, на трактори, нагалсувајќи дека Владата тоа и дос ега го правела, а со оваа програма, истото само ќе се зајакне.
-Имаме и правење на задруги, дефинитивно во светот е докажанод ека задругите се многу попрофитабилни и порнетабилни отколку индивидуални земјоделци, што правиме ние, ќе им го плаќаме менаџерот во првите три години, ќе им даваме други поволни услови за да почнат д аработат како задруга, прво ќе го уедначат производството, а кога се уедначува производствот се зголемува квалитетот бидејќи секој од секого го превзема најдоброто, се користи маханизацијата максимално, рече Груевски, додавјаќи дека веќе неколку вакви задруги се направени.
Нагласи дека планираат и проект за обука на замјоделците и воведување на најдобрите земјоделски парктики.
-Предвидуваме низ цела Македонија, во сите општини каде што има земјоделие да одат професионални луѓе и во одредени денови кога најмногу им одговара на земјоделците да држат предавања, што тие треба да направат за да добијат побогати и поквалитетно производство, какво семе и какво вештачко ѓубре да употребат, колку пати и на каков начин терба да се наводнува, посочи Груевски,
Додаде дека во програмата се предвидени и многу проекти за наводнување, односно брани, акумулативни системи и дистрибутивни мрежи за вода за наводнување.
Груевски истакна дека во наредните 4 години само за субвенции за замјоделците и за рурелен развој ќе бидат издвоени 600 милиони евра, по 150 милиони евра годишно, потенцирајќи дека тое е историски рекорд досега.
Додаде и дека во изминатите 7 ипол години се издвоени 590 милиони евра субвенции за земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исцрпени се средствата, завршија субвенциите за ПВЦ прозорци и сончеви колектори
-
Министерството за култура почна постапка за укинување на субвенциите за песни
-
Груевски: Заев пред минатите изборите не кажа дека ќе ги укинува субвенциите, а сега ги укинува за оние со помал принос
-
Град Скопје повторно ќе субвенционира велосипеди