| четврток, 6 декември 2018 |

Скопските Роми се приклучија на проектот „Хепи“ (видео)

роми

Припадниците на ромската заедница најчесто се соочуваат со зголемен социјален ризик поради високиот процент на невработеност и социјална зависност, а непоседувањето на лични документи, субстандарните услови за живеење и ниските социјални надоместоци дополнително го оттежнуваат животот на оваа етничка заедница“, се вели во соопштението на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април.
Светскиот ден на Ромите го слават повеќе од 12 милиони Роми ширум светот.

По тој повод студенти Роми од целиот свет го продуцираа овој видео спот на хитот Хепи на Фарел Вилијамс. Ромите и преку овој спот ја пратија пораката – „Ние имаме култура, историја, химна, знаме и јазик! Ние сме тука!” или на ромски јазик „Athe sam!”. Среќен празник!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top