| четврток, 6 декември 2018 |

Христијан Делев: Со нови рудници во Македонија ќе се отворат 350 работни места

rudna rudnik polska

Во нови рудници во Македонија ќе се отворат 350 работни места, предвидува ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма. Според Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, со работа на овие рудници ќе се овозможи стабилен развој, а ќе се отворат нови работни места низ целата территорија на државата.

Освен ова, ќе се рестартираат и дел од старите рудници.

– „Тајмиште“ во Кичево ќе започне со работа втората половина од 2016 та , каде дополнително ќе се вработат 400 работници. „Иловица“ до 2017 та ќе прерасне во најголем рудник за бакар, злато и сребро, кој ќе вработи 500 лица. Во завршна фаза е и Плавица, рудник кој се очекува да започне со работа во 2017.  и да бидат ангажирани најмалку 300 работници. Во завршна фаза е и истражувањето на рудникот „Боров Дол – Конче“ , кој се очекува да се стави во функција во 2017.  а дополнително ќе вработи 100 лица“ – рече Делев.

Во прогамата на ВМРО ДПМНЕ предвидено е сите нефункционални објекти кои се во државна сопственост да им бидат понудени на фирмите за симболичен надомест. За возврат приватниот партнер ќе треба да ги уреди и да вработи лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top