Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ денеска беше во Кичево, каде што во овој град го прослави Светскиот ден на Ромите, 8 април.
– Дискриминирани сме по повеќе основи, тоа не е праведно – му се пожалија голем број Роми, кои присуствуваа на средбата со Пендаровски.
Пендаровски порача дека тоа не смее да се случува со граѓани на Република Македонија.
– Дискриминацијата мора да престане. Вие не сте граѓани од втор ред, вие сте граѓани на Република Македонија, имате државјанство на оваа земја, во којашто сите имаме истите права – рече Пендаровски.
Тој присуствуваше на прославата на Меѓународниот ден на Ромите која се одржуваше во центарот на Кичево.
– Сите граѓани на Македонија треба целосно да бидат вклучени во општеството, не да се говори за вашите проблеми само на одбележувањето на овој ден – порача претседателскиот кандидат Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.