| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Поповски во посета на Ѓорче Петров и Сарај

grom-5

Зоран Поповски, кандидатот за претседател на ГРОМ денеска претпладнево оствари средба со жителите од скопските села Кондово, Долно Свиларе, Рашче и Шишево, каде им порача дека доколку ја добие битката за претседател ќе го актуелизира проблемот со сиромаштијата и невработеноста кој како што рече е најголемиот заеднички непријател на сите.

– Токму ова чувствително прашање треба да го актуелизира претседателот на Република Македонија како мегафон и во име на граѓаните на земјава, истакна Поповски.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ направи полчасовна обиколка на пазарчето Тафталиџе, каде што со производителите и продавачите размени мислење околу проблемите со кои се соочуваат пазарџиите и потребите што ги имаат околу покривањето на пазарчето.

Во Злокуќани, на улиците 22 и 3, Поповски на локалните жители им го честита Меѓународниот ден на Ромите и ги запозна со чекорите кои тој може да ги преземе како претседател на Македонија. Покрај тоа, тој оствари средби и со граѓани на Волково и на Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top