Турскиот театар следнава недела ќе ја изведе премиерата на претставата „Војникот фалбаџија“ од Тит Мак Плаут, во режија на Лука Кортина. Претставата ќе се одигра на 10 и на 11 април со почеток во 20 часот, на сцената на Детскиот театарски центар во Старата чаршија. За посетителите е обезбеден титл на македонски јазик. Драматург е Викторија Рангелова, сценограф и костимограф Наташа Андонова, музиката е на „Фолтин“, а преводот на Метин Балај.
Улогите ги толкуваат: Пиргополиник: Осман Али, Артотрог: Јеткин Сезаир, Палестрион: Селпин Керим, Периплектомен: Салаетин Билал, Скеледро: Јеткин Сезаир, Плевсикле: Аксел Мехмет, Филомаксија: Билјана Јовановска, Акротелефтија: Јеткин Сезаир, Милфидипа: Слаѓана Вујошевиќ и Кариј: Тамер Ибрахим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


